Пинг-понг

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ Е НА ЧЕКОР ДО ТИТУЛАТА!

Во полуфиналето на плеј-оф натпреварувањето во Супер лигата во пинг-понг, екипата на Младост 96 во Берово ја победи истоимената екипа со резултат 4:1, и со вкупен резултат 2:0 се пласира во финалето. Одлична игра на сите играчи. По две победи извојуваа Антонио Стомнароски и Србинот Ѓорѓе Борчиќ. Одигра и Петар Костовски кој во одличен меч загуби од Србинот Мирослав Чолаковиќ со 3:1. Андреј Лашкоски на овој натпревар беше резерва.

– Тренерот Гоце Тошески успешно го предводеше тимот до убедливата победа.Честитки за екипата на Берово за фер-плејот и гостопримството. Првиот чекор во плеј офот е успешен.Финалето е пред нас, со тоа и желбата за враќање на титулата во Прилеп – велат од ППК Младост 96.

Противник на Младост 96 во финалето ќе биде скопски Телеком нец 2 или штипски Шампиони ФА.

 

Од категоријата

МРТВА ТРКА ЗА ТИТУЛАТА

Зоран Иге

НОВ ТРЕНЕР ВО ПРИЛЕПСКИОТ КЛУБ

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ ВТОРПАТ ВО ЕВРОПА?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе