Екипите на Победа и Вардар одиграа нерешено 1:1 на игралиштето со вештачка трева во Прилеп, во претпооследното коло од Супер младинската лига на Македонија. Во борбена игра, Вардар поведе со голот на Нуман Ајетовиќ во 60. минута, а израмни Давор Богевски во 70. Во последното коло Победа и гостува на Македонија ЃП во Скопје.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 54, Академија Пандев 45, Работнички 43, Вардар 40, Шкупи 39, Победа 34, Пелистер 31, Шкендија 28, Кул здравје 19, Брегалница 16, Куманова 8, Охрид 5.
Викендов се одиграа уште три меча од младинските категории: Вардар – Победа 1:1 за помлади пионери (Победа е последна, на 12. место), Вардар – Победа 3:0 за постари пионери (Победа е 10. место) и Победа – Вардар 1:4 за кадети (Победа е 9. место).