Во саботата европски шампион стана Манчестер сити, а во неделата победник на турнирот во Лознани, Битолско, стана Прилеп сити. Тоа беше Третиот меморијален фудбалски турнир во чест на Николче Атанасовски. Во полуфиналето домашниот Хајдук со 4:0 го совлада тимот Стрела од Могила, а Прилеп сити со 2:0 беше подобар од Вашарејца. Во финалето Прилеп сити со 1:0 го победи Хајдук и го освои победничкиот пехар. Честитки за Прилеп сити, со тренерот и сопственик на клубот Коста Мирчески.
Екипите Хајдук, Вашарејца и Стрела се од А2 Општинската лига на ОФС Битола, Прилеп сити од Општинската Б-лига на ОФС Прилеп.