Турнирот за најмлади категории фудбалери „Прилеп куп“ станува традиционален. По минатогодишното прво издание, најавено е и годинашното, второ. под насловот „Прилеп куп 2023“. Организаторите Општина Прилеп и ФК Прилеп овојпат одат чекор натаму – турнирот го подигнуваат на меѓународно ниво. Се очекува учество на екипи од балканските земји (Македонија, Бугарија, Грција, Србија), во пет возрасни категории, меѓу 8 и 12 години.
Термините се 11, 12 и 13 август, на две локации – Игралиштето Могила и на Градскиот стадион „Гоце Делчев“.