70 години ракомет во Прилеп

СТРАОТЕН ШУТ ЗА КРШЕЊЕ СТАТИВИ!

За Илија Димоски – Мајсторо (1939-2008) јавноста низ целиот простор на некогашната Југославија знае дека е еден од најдобрите фудбалери на позицијата десен бек. Но, она што малку е познато – тој е и некогашен одличен ракометар, на позицијата среден бек. За Прилеп настапува во педесеттите години од 20 век. Еве што пишува новинарот Миле Талески во книгата „Монографија за прилепскиот ракомет“:

„Чудно, но вистинито. Многу афирмирани фудбалери на Победа својата спортска кариера ја започнуваа преку ракометот. Еден од нив е и Илија Димоски, кој многу постигна во фудбалот – и како фудбалер и како тренер, и за него не треба да се зборува многу. Таму го достигна врвот. Меѓутоа, тој истото ќе го постигнеше и во неговиот прв спорт, ракометот – ако останеше во него. Беше извонреден ракометар, кој шутираше така силно, што се чини дека до ден-денеска го нема надминато никој. Беше во состојба да скрши и статива, а од неговиот силен шут, кариерата експресно ја заврши авторот на оваа книга…“

Фудбалската кариера ја поминува во Победа, Раднички Ниш и Пролетер Нови Сад, а тренерската во Раднички Ниш, Победа, Вардар, Пелистер и други клубови.

Од категоријата

ЗА НАВИВАЧИТЕ ЕМ БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ, ЕМ БОНБОНИ!

Зоран Иге

БОРБА ЗА ТИТУЛА ПРЕД ДА ПОЧНЕ ПРВЕНСТВОТО!?

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ НА КВАЛИФИКАЦИИ ВО ДАНИЛОВГРАД!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе