Фудбал

(фото) ПОБЕДА ТРГНА СО 20 ФУДБАЛЕРИ!

Попладнево и покрај дождливото време, како што е традиција – во присуство на група најзагреани навивачи, беше првиот собир за фудбалерите на второлигашот Победа, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Тренерите Сребре Стефаноски, Жарко Димески и Стојанче Дунимаглоски (во оправдано отсуство на новиот шеф на Стручниот штаб Филип Мирчески кој го користи одморот и ќе се приклучи за неколку дена), првиот тренинг го одработија со 20 првотимци. Меѓу нив се забележуваат и нови, всушност повратници, како стоперот Христијан Кукески (Караорман), напаѓачот Филип Димоски (Детонит Плачковица), а се спомнуваат уште многумина кои треба да се придодадат деновиве. Беа и дел од досегашните првотимци, а од клубот велат дека присуство на тренинзите најавиле и дел од тие што отсуствуваа денеска. На денешниот тренинг беа и најистакнатите членови на младинскиот тим.

Во врска со пријателските мечеви, потврдено е дека закажани се дуели со Караорман, Новаци, Вардар Неготино и Пелистер.

ПРИСУТЕН И ДАМЕВСКИ

Тренингот го следеше и досегашниот шеф на Стручниот штаб Благојче Дамевски. Неговото присуство не е случајно, бидејќи се зборува дека тој можно е да биде дел од Управниот одбор. Се ќе биде појасно следниве денови.

Тука беа неколку члена на Управата, како претседателот Благојче Гешоски и секретарот Филип Илиоски.

 

Од категоријата

(резултати, стрелци) ЛИДЕРОТ ДО ПОБЕДА ВО 86. МИНУТА!

Зоран Иге

ЗА ДА ИГРА ЗА ПОБЕДА, „ЛЕТА“ ПО 3700 КИЛОМЕТРИ!

Зоран Иге

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЛИЦЕНЦЕН ФИНАНСИСКИ СИСТЕМ ВО ДОМАШНИОТ ФУДБАЛ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе