Најдобар во управување со дронови е Бојан Ников, претставник на Македонија. Тој го освои првото место и златниот медал на Светскиот куп во летови со мултиротори (дронови), организиран од клубот Фил феникс и ВФМ (Воздухопловната федерација на Македонија), според календарот на ФАИ (Интернационалната воздухопловна федерација).
На натпреварите вчера и денеска на фудбалскиот терен од стадионот „Могила“ во Прилеп, редоследот на носителите на медали е: Бојан Ников (Македонија), Александар Стојановиќ (Србија) и Младен Богоев (Бугарија). Учествуваа 12 пилоти – шестмина од Србија, по тројца од Бугарија и од Македонија. Поради тешкотии со билетите за авионски летови во два правци, не допатуваа преставниците од Кореја и Чешка.
Натпреварот значеше и рангирање за Државно првенство на Македонија, на кое прв е Бојан Ников, пред Александар Ников и Бошко Петрески.
Видео
https://www.facebook.com/100011667251854/videos/1325446575054962