Ракомет

ЧЕТВРТИ УСПЕХ СО РЕД!

Екипата Деспина со висок резултат од 37:19 го совлада Шампион во Скопје, во 10. рунда од Супер-женската лига на Македонија. Ова е четврти меч на кој освојува бодови прилепскиот тим, по претходното реми соОвче Поле, победите над Гевгелија  и Скопје. Така, Деспина има 10 бода, што е солиден фонд, ако се има предвид дека пред оваа серија немаше ниту бод.

РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО: Шампион – Деспина 19:37, Куманово – Скопје 31:20, Овче Поле – Чаир , Гевгелија – Ѓорче Петров 8:46, Астибо – Спартак 39:33, Пелистер – Стружанка, Вардар – Металург 24:25.

Во следното коло, Деспина – Астибо.

ПРЕВИСОК ПОРАЗ НА ПРИЛЕП

Во 13. коло на Б-групата од Супер лигата за мажи, Голден арт – Прилеп 28:18. Не се очекуваше вака висок пораз на прилепскиот тим, со оглед на тоа што двата тима се соседи на табелата, Голден арт со 14, Прилеп со 10 бода. Во првото полувреме беше скоро израмнето, 12:10, но во второто потпона доминација на домашниот состав.

Во следното коло, Прилеп – Еурофарм Пелистер.

Од категоријата

РЕЗУЛТАТ КАКО ПРЕД ДЕЦЕНИИ

Зоран Иге

ПРИЛЕП ПРОТИВ ТИМ СО ТРЕНЕР ПРИЛЕПЧАНЕЦ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНКИТЕ ОДИГРАА НАЈДОБРО ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе