Синоќа на Хуманитарниот турнир „Свети Никола“ во Прилеп првпат се појави екипата Фенербахче од Кичево. Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ одигра два меча. Прво беше нерешено со Могила, па на пенали победи тимот од Битолско, потоа со 4:1 Фенербахче го совлада Дино 99.
– Благодарам Прилеп. Го имате еден од најубавите зимски турнири. Аферим – напиша сопственикот на Фенербахче, Масаро Легенда.
РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРНИК
Ла страда – Зобома 3:1
Млекара „Јока“ – БП Метал 4:0
Фенербахче – Могила 1:1 (на пенали 2:3)
Фенербахче – Дино 99 4:1
Инекс Олгица – Бутик „Мадагаскар“/Табана кафе 6:1
РАСПОРЕД ЗА ДЕНЕСКА (СРЕДА)
18:00 Скара „Кај Балче“ – Поречки квалитет
18:45 Портал БТ – Бест солар/Таг Балкан
19:30 Ролетар Боби/Кике дизајн – Етно-ресторан „Бабино“
20:15 Комфи ангел – Пролетер
21:00 Могила – Тим Јосифов