Шах

ПУЛА: ВЕЛЕСКИ МЕЃУ РИВАЛИ ОД 32 ЗЕМЈИ!

Во Пула (Хрватска) беше 36. издание на Меѓународниот шаховски турнир „Опен Пула 2024“на кој учество зеде фидемајсторот Роберт Велески од Прилеп. Во силна конкуренција на 202 шахисти од 32 држави, загуби четирипати (ИМ Владимир Хресц од Хрватска, ФМ Борис Станковиќ од Србија, ФМ Давид Стеванич од Словенија, Рузгар Одабаши од Турција), а победи петпати (Филип Исаксон од Шведска, Ловро Мучиќ од Хрватска, Александер Слик од Холандија, Леон Штаудахер од Германија, Херман Галавис од Австрија). Со освоените 5 поени го зазеде 61. место на конечната табела. Беа уште двајца Македонци, ФМ Благоја Гичев (Штип) на 8. место со 7 поени и ФМ Љубомир Хаџи-Манев (Радовиш) на 91. место со 4,5 поени.

Победник е ФМ Мартин Јаблоницки (Словачка) со 7,5 поени.

Од категоријата

ВЕЛЕСКИ СО ВИСОК ПЛАСМАН ВО БЕЛГРАД!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ГО ДОБИ ВТОРОТО ДЕРБИ

Зоран Иге

ВЕЛЕСКИ ДЕВЕТТИ ВО БУГАРИЈА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе