Моделарство

БРАЌАТА НАЈДОСКИ ОД ПРИЛЕП СО ДВЕ ЗЛАТА И ВРЕДНО ЧЕТВРТО МЕСТО НА СВЕТСКИОТ КУП!

 

Претходниов викенд на теренот кај Веселчани, Прилепско, се одржа традиционалниот Светски куп во спортско воздухопловно моделарство „Прилеп куп – Трофеј на Прилеп“.

Во Ф1А (едрилици) меѓу 68 натпреварувачи од 14 држави – Полска, Унгарија, Франција, Словачка, Шведска, Израел, Македонија, Бугарија, Германија, Србија, Украина, Естонија, Босна и Херцеговина и Чешка, најуспешен од Македонија е Лука Најдоски на 8. место, а веднаш под него Симона Тошеска на 9. Во оваа најмасовна категорија Дино Најдоски е 13., Димче Велкоски 20., Небојша Стошиќ на 30., Зоран Велкоски на 38. Леона Чејкова на 56., а во групата на делба на 57. место се Анастасија Пожарска, Михаил Пожарски, Петар Илиевски и Живко Николовски. Победник е Томаш Језиорни од Полска. Тој е победник и во јуниорска конкуренција, каде втор е Оливер Божик од Словачка, трет Гај Бурстејн од Израел, четврти Лука Најдоски кој за малку не освои медал.

Во Ф1Б меѓу 31 учесник (меѓу државите се додаде Романија), највисокопласиран од Македонија е Климент Масин на 8. место. Еве ги пласманите и на другите наши претставници: Петар Цветановски на 12., Михајло Арсенов на 14., Анастас Божинов на 25., Александар Цветановски на делба на 26. место. Победник е Флориан Јакел од Германија. Тој е најдобар и кај јуниорите, каде Петар Цветановски е осми.

Во Ф1Ц беа тројца натпреварувачи со следниот пласман: Јуан Гао (Кина), Митко Цветановски и Коста Стојановски, двајцата на делба на второто место, од Македонија. Во Ф1К меѓу четворица учесници победи Рафал Вагнер од Полска. Во Ф1Х беа 9 пилоти. Победник е Дино Најдоски и за сениори и за јуниори, така што има два златни медала. Кај јуниорите под него се: Даниел Пејков од Бугарија и Леона Чејкова од Македонија, со бронзен медал.

Светскиот куп беше само увертира во уште еден голем настан што претстои на истото место – Светското јуниорско првенство од 6 до 10 август.

Од категоријата

МЕЃУНАРОДЕН УСПЕХ НА ПРИЛЕПЧАНИТЕ

Зоран Иге

И ХРВАТИ ДОАЃААТ ПО БОДОВИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(ВИДЕО+ФОТО) ТУРЧИН КАКО ФОРМУЛА 1 ЛЕТАШЕ ДРОН ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе