Општина Прилеп беше домаќин на врвно меѓународно натпреварување –Светското јуниорско првенство во воздухопловно моделарство во рамките на ФАИ – Светската воздухопловна федерација. На теренот кај Веселчани се случи голема борба за медалите во три категории – Ф1А, Ф1Б и Ф1Ц. Учесници беа 108 натпреварувачи од три континента – Европа (Македонија, Естонија, Унгарија, Германија, Чешка, Полска, Романија, Израел, Бугарија, Босна и Херцеговина, Франција, Словачка, Украина, Шведска, Полска), Северна Америка (САД), Азија (Кина, Монголија).
Во најмасовната категорија, Ф1А (едрилици) имаше 51 учесник, меѓу нив тројца претставници на Македонија, прилепчаните Лука Најдоски (на 14. место), Михаил Пожарски (на 28.) и Дино Најдоски (на 45.). Највисоките места и медалите ги освоија: Март Виљамае (Естонија), Кинга Шоке (Унгарија) и Јонас Адамец (Германија). Екипно Македонија е осма, а најдобрите три се Полска, Чешка и Германија.
Во категоријата Ф1Б ( ) беа 40 учесници. Претставникот на Македонија, охриѓанецот Петар Цветановски, го освои 10. место. Медалите во оваа категорија се за: Шалев Еврони (Израел), Луисон Жакмин (Франција) и Кристијан Тутелеа (Романија). Екипно Македонија е 12. место, а најдобри се: САД, Франција и Чешка.
Во категоријата Ф1Ц ( ) медалите се за: Јуангу Генг (Кина), Март Ваљамае (Естонија) и Емрик Смит (САД). Екипно трите најдобри се: Кина, Романија и Естонија.