Според информациите од ОФС Кавадарци, седиште на Третата лига – Југ, во претстојното првенство Третата лига – Југ ќе има 14 екипи. Во споредба со претходното првенство, две екипи нема да учествуваат – Борец (Велес) која напредуваше кон Втората лига и Локомотива (Градско) којашто отпадна во Општинската лига. Девет екипи од претходното се учесници и во следното првенство: од ОФС Прилеп – Питу Гули (Крушево), Младост (Кривогаштани), Слога (Лажани), Ултрас (Прилеп), Големо Коњари, Бучин, ОФС Кавадарци – Марена, Росоман, ОФС Велес – Превалец. Според тоа, дури 5 тима се нови: од ОФС Прилеп – Влазними јуниор (Пресил, Крушево), Обршани, ОФС Велес – Башкими (Горно Јаболчиште), ОФС Кавадарци – Дреново, ОФС Неготино – Венец (Долни Дисан). Првакот на ОФС Прилеп, Црвена ѕвезда од Сенокос не го искористи правото за учество, така што на тоа место е Влазними јуниор (Пресил).
Вкупно гледано, ОФС Прилеп има 8 екипи, ОФС Кавадарци 3, ОФС Велес 2, ОФС Неготино 1.
Првенството стартува на 8 септември, а ждрепката со распоредот се закажани за 22 август во Кавадарци, до кога треба да се уплатат 10 илјади денари за котизација (половина од вкупната сума 20 илјади денари) за учество во есенскиот дел од Третата лига – Југ.