Главен белег на прилепските спортски екипи, особено на Победа, се навивачите. Долго време тие не биле именувани, па околу седумдесеттите години од минатиот век самите неформално се нарекувале „борини“, како луѓе многу загреани, прегреани, дури изгорени за фудбал, за својата Победа. Во осумдесеттите тогашната млада генерација се нарекува „Маркови внуци“, а во 1997 година се случува преименувањето во „Мајмуни“. Овој настан е одбележан со текст во тогашниот локален неделен весник „Народен глас“. Наднасловот е: Зошто „Марковите внуци“ го променија името?
– Навистина како група бевме познати под ова име, но како жители на овој град каде и да појдеме ни се обраќаат со она, помалку или повеќе навредливо – мајмуни. Сакале – неќеле го прифативме тој прекар и како име на нашата навивачка организација – рече Горан Стеваноски – Кец, еден од најангажираните во организацијата на прилепските „тифози“.
Подолу е целиот текст од 14 февруари 1997