100 години фудбал во Прилеп

ОТКАКО ВО ШТИП ДАДОА 4 ГОЛА, ВО ПРИЛЕП ПРИМИЈА 11

Фудбалот во Соединетите Американси Држави почна да се развива во седумдесеттите години од 20 век со доведувањето на светските ѕвезди, како Пеле, Бекенбауер и со формирањето на Космос и други богати клубови. Постоеше еден клуб со име Њујорк иглс, каде настапуваа Португалецот Еузебио, Бразилецот Еду, Југословените Драгослав Шекуларац, Aнѓелко Тешан и Душан Несторовиќ. Во септември 1978 година гостуваа во Штип и Прилеп. Во Штип, родното место на Шекуларац, одиграа пред рекордни 12 илјади гледачи и против домашната Брегалница победија со 4:2. Но, наредниот ден, во некомплетен состав и неодморени поради средби со штипјаните до доцна во ноќта, големите ѕвезди тотално потфрлија во Прилеп пред 7000 гледачи. Победа победи со неверојатни 11:1. По водството на гостите со голот од слободен удар на Еузебио кој веднаш потоа излезе од игра, за прилепскиот тим голови се изнадаваа Пеце Трајкоски и Јове Магдески по три, по еден Ристо Глигороски, Гоце Манески, Лазе Петрески, Златко Конески и Ѓоко Николовски.

Шекуларац во Прилеп одигра еден од последните мечеви во кариерата.  

Од категоријата

(аудио) ОФС ПРИЛЕП ВО НОВИТЕ КАНЦЕЛАРИИ!

Зоран Иге

НА ПОЛУВРЕМЕ НАСЕТИВМЕ ДЕКА УМРЕЛ ТИТО

Зоран Иге

ГОЛ ЗА ПОБЕДА ВО МЕШАНИЦА ОД 20 ИГРАЧИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе