Фудбал

ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ: ТРИ ГОСТИНСКИ ПОБЕДИ, НА Г. КОЊАРИ, ВЛАЗНИМИ И УЛТРАС!

Денешното 2. коло од Третата лига – Југ е во полза на гостинските екипи. Тие постигнаа три победи, имаат едно реми, наспроти домашните со две победи и едно реми. Гоемото дерби во Велес со пресврт го доби Големо Коњари, Превалец – Големо Коњари 1:3. Иако домашните поведоа преку Ангел Гаштев во 15. минута, натаму играта ја презедоа гостите и наредија три гола, преку Михо Андреевски во 36., Онур Имероски во 70. и Виктор Тошески во 81. минута. На гости победија уште Влазними јуниор и Ултрас, а дома вреден триумф има Слога.

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО: Превалец – Големо Коњари 1:3 (Ангел Гаштев 15. – Михо Андреевски 36., Онур Имероски 70. Виктор Тошески 81.), Слога – Питу Гули 2:0 (Нермин Каришик 54., Енис Фазлиоски 70.), Венец – Дреново 2:0 (Петар Ристовски 18., Стефан Димитриевиќ 85.), Обршани – Влазними јуниор 1:3 (Филип Стомнароски 30. – Мевлан Усеиноски 42. и 90. Арбен Фејзуловски 87.), Младост – Башкими 1:1 (Филип Ликоски 45. – Арлинд Јашари 29.), Бучин – Ултрас 1:3 (Христијан Тошески 5. – Игор Паноски 23. и 95, Славчо Стојчески 65.), Росоман слободен.

ТАБЕЛА

СЛЕДНО 3. КОЛО (22 септември во 15 часот): Ултрас – Превалец, Башкими – Бучин, Влазними јуниор – Росоман, Дреново – Обршани, Питу Гули – Венец, Големо Коњари – Слога, Младост слободен.

Од категоријата

ШТО НАТАМУ?

Зоран Иге

ЕВЕ ГИ СОСТАВИТЕ ЗА БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА

Зоран Иге

ТРИУМФ НА ДЕСПИНА ЗА ПОГЛЕД КОН 4. МЕСТО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе