Фудбал

ПРИЛЕПСКАТА НАДЕЖ АРИФИ КАКО ВЕТЕР КРАЈ ЕКССОИГРАЧОТ НА МБАПЕ!

Младите играчи на второлигашот Победа денеска имаа можност за одмерување на силите со искусниот интернационелан состав на прволигашот Гостивар, во рамките на 16-финалето од Купот на Македонија. На Стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Гостивар победи со 3:1, а прилепските фудбалери дадоа солиден отпор, дури на моменти успеваа да возвратат. Стрелци: Иван Ивановски во 11. од пенал, Сукиса Машике во 37., Ринор Ајдини во 65. (Гостивар), а Матеј Ѓурчиновски во 69. минута (Победа).

За одбележување се дуелите што ги водеа гостинските играчи со засилувањата од странство во домашниот тим. Така, во раната фаза Стефан М. Спиркоски доби ненамерен удар во аркадата и мораше да го напушти мечот, по дуелот со Мароканецот Набил Дирар, некогашен соиграч на Французинот Килијан Мбапе во Монако. Овој играч имаше неколку дуели со прилепската надеж, 18-годишниот напаѓач Салим Арифи, кој се бореше, одземаше топки, во една акција со долгите нозе претрча како ветар крај него и беше турнат, изнуди фаул. Во секој случај, добредојдено искуство.

ГОСТИВАР: Василев (68. Абази), Кировски, Ајдини (88. Ѓорѓиевски), Машике (68. Јусуфи), Ивановски, Елмас (56. Рифадов), Дирар (56. Чешмеџиев), Трајчевски, Ѓурѓевиќ, Глишиќ, Дервиши. Тренер: Енес Ќаил.

ПОБЕДА: Шемкоски, М. Талески, С. П. Спиркоски (77. Андоновски), Д. Дебрешлиоски (62. Ѓурчиновски), Табаковиќ (62. Јошески), Ристов, Тасески, Анѓелковски, С. М. Спиркоски (31. Ивчески), Арифи (77. Н. Талески), Д. Спиркоски. Тренер: Јане Николоски.

Во осминафиналето се пласираа: Гостивар, Шкупи, Арсими, Брера, Шкендија (Т), Брегалница, Македонија ЃП, Воска, Беса, Шкендија (А), Силекс, Детонит, Струга, Пелистер, Вардар и Тиквеш.

Од категоријата

ПРИЛЕП В САБОТА Е ФУДБАЛСКИОТ ЕПИЦЕНТАР!

Зоран Иге

ПЕЛИСТЕР ГОСТУВА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

УШТЕ ЕДНА ШАНСА ЗА УЧЕСТВО ВО СТРАНСТВО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе