В сабота (13 часот) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е интересен дуел Победа – Новаци, од 9. коло на Втората фудбалска лига на Македонија. Домашниот тим Победа е во залет, по триумфот од 2:1 врз неготински Вардар на теренот во Струмица, а Новаци ќе настојува да го оправда повисокото место на табелата. Интересен е и дуелот на тренерите, домашниот Стојанче Дунимаглоски и гостинскиот Дарко Крстески. Пред три години, есента 2021, во Победа Крстески беше тренер, а Дунимаглоски играч. Интересно е и тоа што од тогашниот состав на Победа, стоперот Андреј Петкоски сега е во редовите на Новаци. За овој меч се очекува многу публика на трибините.
ДВОЈКИ 9. КОЛО (сабота, 26 октомври во 13 часот): Победа – Новаци, Брегалница – Вардар Н., Борец – Детонит, Македонија ЃП – Кожуф, Арсими – Скопје, Беласица – Осогово, Охрид – Вардарски, Башкими – Саса.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 19, Арсими и Брегалница 18, Башкими 17, Кожуф 15, Детонит и Охрид 13, Новаци 11, Беласица и Саса 9, Скопје 8, Победа 7, Вардар Н. и Осогово 5, Борец 4, Вардарски 2.