Утре (сабота) од 19 часот е третото коло од Втората кошаркарска лига на Македонија. Во салата од ООУ „Добре Јованоски“ е интересен меч, Мега баскет – МЗТ Уни банка. Прилепскиот тим има тешка задача против скопскиот, кој има две победи и максимални 4 бода. Екипата Мега баскет по стартната победа над струмичка Академија ФМП, во неделата во Штип загуби од Соколи со 78:62, во меч каде првите две четвртини им припаднаа на домашните, третата и четвртата на прилепскиот тим.
ДВОЈКИ 3. КОЛО: Мега баскет – МЗТ Уни банка, Охрид – ФМП Академија, Работнички – Црн Дрим, Борец – Соколи, Маџари – Ангели, Бутел – Водно.
ТАБЕЛА: Маџари, Ангели, Соколи и МЗТ Уни банка по 4, Работнички, Борец, Мега баскет и Црн Дрим по 3, Бутел, Охрид, Академија ФМП и Водно по 2.