Ретко се случува кај нас, според практиката низ светот, едно првенствено коло да се одигрува не само во повеќе термини, туку и во повеќе денови. Така 6. коло од Втората футсал-лига на Македонија е издолжено во пет дена. Првиот меч се одигра на 15 ноември во петокот (Университи – Кораби 6:5), потоа два беа во саботата (Балкан – Кратово 7:6 и Овче Поле – Партизан 9:3), еден во неделата (Каршијака – Мал Ајакс 5:3), еден вчера (Енхалон – Победа 11:5), а последниот е вечерва (Конзули – Скопје).
ТАБЕЛА: Балкан и Мал Ајакс 15, Кораби и Овче Поле 12, Университи, Каршијака и Енхалон 9, Скопје, Партизан и Победа 6, Кратово и Конзули 3, Карадаку 0.
СЛЕДНО 7. КОЛО: Победа – Конзули, Мал Ајакс – Енхалон, Кораби – Каршијака, Партизан – Университи, Кратово – Овче Поле, Карадаку – Балкан.
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО – ПОРАЧКИ НА СИТЕ ИКОНИ НА 076 502 403