Точно пред една година, во јануари 2024, второлигашот Победа одигра прв пријателски меч со Охрид, а настапија играчи мошне млади, во просек од 18 години. Ако споредиме со овогодишниот прв пријателски меч вчера, со прволигашот Воска во Охрид (резултатот е 2:0), прилепскиот тим сега е постар за две години, бидејќи просекот е 20 години. Во првата постава најмлад беше 17-годишниот Димитар Шаркоски, а најстари 25-годишните Петар Петроски и Насаф Шабанов. Сепак, до крајот на преодниот рок (11 февруари) можни се измени.
– Настапивме со 24 првотимци, покрај 11 во првата постава и со 13 што потоа влегоа. Како за прв меч, навистина добро се одигра – ни рече Стојанче Дунимаглоски, шефот на Стручниот штаб.
Вчера во првата постава на Победа беа: Шемкоски, Ивчески, Кофиловски, П. Петроски, М. Талески, Богевски, Ќерими, Да. Спиркоски, Шабанов, Д. Шаркоски и Арифи.
Следниот тест-меч е со третолигашот Шкендија, на 29 јануари во Арачиново.
ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403