Поради празникот Велигден има поместувања на фудбалските натпревари во повеќе рангови, а за 25. коло од Втората лига на Македонија одреден е денешниот ден (понеделник), вториот ден од Велигден. За сите што ја сакаат Победа, денеска од 16 часот е можноста да присуствуваат на мечот значаен за искачување нагоре на табелата, што подалеку од непосакуваните места. Противник е Саса, секогаш тврд ривал, 10-пласиран. Есеноска во Каменица Саса – Победа беше 4:1. Значи, сега е можноста за прилепски реванш.
ВТОРА ЛИГА 25. КОЛО (21 април, понеделник, 16 часот): Победа – Саса, Новаци – Вардар Н., Башкими – Вардарски, Охрид – Осогово, Беласица – Скопје, Арсими – Кожуф, Македонија ЃП – Детонит, Борец – Брегалница.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП и Башкими 53, Арсими 51, Брегалница 48, Детонит 36, Беласица и Охрид 35, Скопје 34, Кожуф и Саса 32, Вардар Н. 27, Новаци 25, Победа 24, Осогово 18, Борец 13, Вардарски 11.
Попладнево од 16 часот се играат и мечеви од 22. коло на Третата лига – Југ: Башкими – Питу Гули, Ултрас – Големо Коњари, Бучин – Слога, Младост – Венец, Росоман и Дреново слободни.
ТАБЕЛА: Големо Коњари 45, Превалец 41, Башкими 38, Младост 36, Росоман 32, Ултрас 31, Венец 28, Питу Гули 21, Бучин 19, Слога 13, Дреново и Влазними јуниор 11.