Пријатно изненадување приреди екипата Црна Река петрол, преку освојувањето на првото место во првата сезона на пингпонгарската Бизнис лига – Прилепска пиварница, меѓу 16 тима. Некои не им даваа големи изгледи за висок пласман само затоа што во екипата освен познатиот поранешен пингпонгар Мартин Калески има познати мајстори но на малиот фудбал, кои многупати блеснале на паркетот во Универзалната сала. Зарем е можно мајстор за топка да е и голем мајстор за топче? Таков е Лазар Мицев, многупати предводник на прочуената екипа во мал фудбал Црна Река. Трет член на победничкиот пингпонгарскиот состав е Златко Белакапоски.
Во составите на екипите имаше само некогашни пингпонгари, но не и такви кои сега учествуваат во првенствата на Пингпонгарската федерација.