Мај е месец за завршницата од фудбалските првенства. Веќе завршија прволигашкото и второлигашките првенства, па остануваат уште третолигашките и општинските. Публиката има уште што да види. Денеска има два меча во исто време во Прилеп, па публиката треба да одбере каде ќе присуствува. На игралиштето со вештачка трева е заостанатиот меч од 17. коло на Третата лига – Југ помеѓу Динамо од Мажучиште и Големо Коњари. Истоверемно на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ е плеј-оф натпреварот за првак на ОФС Прилеп помеѓу Гарван од Десово и Влазними јуниор од Пресил. Почетокот е во 17 часот.
Утре (четврток) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ е уште еден дуел од плеј-офот за првак на ОФС Прилеп, Мукос од Дреновци против Канатларци.