Денеска точно напладне (12 ч.) во Пингпонгарската сала до ДТВ „Партизан“ во Прилеп ќе се одигра првиот полуфинален плеј-оф натпревар од машката пингпонгарска Супер лига, помеѓу Младост 96 и Шампион ФА од Штип. Екипата на Младост 96 е фаворит, со оглед на тоа што е актуелен македонски шампион и второпласиран во основниот дел од лигата, додека штипскиот тим е третопласиран. Но, нема да е лесно, ако се земе предвид дека на двата меча сезонава ривалите имаат по еден триумф – Младост 96 со 4:0, Шампион ФА со 4:3. Во плеј-офот се игра до два добиени дуела, првиот меч денеска во Прилеп, вториот утре во Штип.
Второто полуфинале е Крива Паланка – Телеком нец 2 од Скопје.