Пинг-понг

ПРИЛЕПЧАНИ НАИДОА НА ПРЕСИЛНИ РИВАЛИ ВО РОМАНИЈА!

Денеска се случи дебито на европска сцена на македонскиот пингпонгарски шампион Младост 96 од Прилеп. Во Трофејот на Европа, на Европската пингпонгарска унија, во романскиот град Одорхеи, прилепскиот тим двапати загуби со со по максимални 3:0  – од Одорхеи и од српскиот Темерин. Ослабениот состав на тренерот Гоце Тошески не можеше повеќе, со оглед на тоа што по откажувањето на Андреј Лашкоски уште пред еден месец поради работни обврски, во последен момент беа отсуствата на Црногорецот Лука Бакиќ поради повреда и на Србинот Стефан Костадиновиќ кој не доби дозвола од матичниот клуб Спартак Суботица.

„Не можевме ништо повеќе, освен чесни порази. Имавме надежи за освојување на првото место, ќе беа и реални доколку настапевме во полн состав. Без оглед на се, одиме натаму“, рече Александар Рикалоски, потпретседател на клубот.

Наредниот викенд е борбата за титулата шампион на Македонија, против Крива Паланка.

Од категоријата

(видео) ТРЕНЕРОТ ТОШЕСКИ ОД ПРИЛЕП КОН ШВЕДСКА!

Зоран Иге

УТРЕ ЗАВРШУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ПРИЛЕПСКИОТ ТУРНИР!

Зоран Иге

ДРАМАТИЧНО ДОБИЕН НОВИОТ ШАМПИОН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе