Според службени информации, во Прилеп и околината има регистрирано вкупно 51 фудбалски клуб, сметајќи и неколку фудбалски школи. Само во градот се клубовите Победа, Тризла, Ултрас, Прилеп сити, Пролетер, женскиот Деспина, школите Прилеп, Перак, Академја Еврогол и Пандев талент. Постојат, но неактивни се Корзо 2016 и Варош, како и клубот за мал фудбал Град херој. Корзо откако е обновен во 2016 година нема одиграно натпревар. За Варош има податок дека последниот меч му е на 26 ноември 2017 година, кога со 2:0 го совлада Врбјани во Општинската квалитетна лига. Екипата на Град херој во рамките на Втората футсал лига, последен пат се има појавено на 31 март 2019, кога со 6:3 го победи Сее университи.
Има и такви кои не само што не се активни, ами се сосема згаснати, така што и името не им е во списокот на клубови – некогашниот женски прволигашки клуб Победа и некогашниот машки прволигаш 11 Октомври.