Според службената објава за регистрирани фудбалери, најнов во прволигашот Победа е Марко Симуновиќ. Тој е 22-годишен десен страничен играч со македонско државјанство, но со досегашна кариера во Србија. Бил член на Партизан, Раковица и Телеоптик.
Претходно во Победа пристапија: голманот Ѓорѓи Јованоски, одбранбените Методија Делов, Огнен Ѓурковиќ и Игор Паноски, за врска Хамза Рамани, левите странични Агон Хани и Христијан Коцев. На премиерниот меч во Струга настапија Паноски, Рамани, Хани и Коцев, а другите конкурираат за следниот дуел, со Тиквеш во Прилеп.
Во Победа тренираат уште неколкумина странци кои се надеваат на пристапување во клубот.