Одиграни се натпреварите од 1. коло на фудбалската Трета лига – Југ. Еден од најинтересните мечеви, Големо Коњари – Бучин, заврши со победа на домашните од 1:0. Голот е дело на Николче Касниоски во 75. минута. Првакот од минатото првенство, неготински Вардар, постигна триумф од 2:0 против домашната Марена. Вредна победа има и велешки Превалец, кој со 1:0 ја совлада Локомотива од Градско, довчерашниот второлигаш. Екипата на крушевски Путу Гули со 4:1 беше подобра на гостувањето кај Обршани. Други резултати: Канатларци – Росоман 1:1, Младост – Слога 1:1.
Следно 2. коло (11 септември во 16 ч.): Бучин – Питу Гули, Росоман – Обршани, Слога – Канатларци, Локомотива – Младост, Вардар – Превалец, Големо Коњари – Марена.