Ретко се случува првенствен ракометен натпревар во Прилеп да се игра во дневен термин и тоа, безмалку, напладне. Денешниот дуел од 5. коло на А-групата од машката Супер лига на Македонија, Прилеп – Вардар Неготино, е од 13 часот во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. На домашните им треба поддршка од публиката за да стигнат до првата есенска победа, а љубителите на ракометот порано да завршат со пазарењето, со оглед на тоа што саботата е главен пазарен ден за прилепчаните. Прилеп има три порази, едно реми на гостувањето во Струга, што значи еден бод, а Вардар Н. нема бод по четирите порази. Судии се интернационалците Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, делегат Ацо Николовски, сите од Скопје.
Мечот може да се гледа и на следниот линк: