Како се ближи првенствениот меч дома со шампионот Шкупи, во Победа има напори за консолидација. Наспроти многуте шпекулации, симпатизерите на клубот, сите оние што го сакаат и кога е во најтешката криза, можат до неделниот дуел да ги следат секојдневните тренинзи на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ водени од Бобан Бабунски. Се слуша дека фудбалерите и покрај сите тешкотии, одлучиле да играат за клубот и градот. Така екипата оди по ново изненадување, како што тоа беше против Силекс, Струга, како и со Шкупи во Скопје каде е освоен првиот бод.
Мечот Победа – Шкупи, интересен и поради тоа што шампионот го водат прилепчани, тренерите Гоце Седлоски и Тони Мегленски, е в недела од 13 часот.