Јавноста според изгледот на табелата прогласува фаворити.па така и Шкупи пред мечот со Победа. Но, шампионот не смета дека лесно ќе помине под Марковите Кули. Респектот кон прилепскиот тим се гледа и во тоа што екипата од Чаир ден пред мечот, утре (сабота) доаѓа во Прилеп за адаптација. Исто како да се работи за настап во натпреварување од УЕФА.
– Сигурно нема да биде лесно. Шансите се 50:50. Се знае каква е атмосферата во Прилеп, особено кога доаѓа шампионот. Впрочем, Победа е квалитетна екипа, во Скопје ни зеде бод – вели Тони Мегленски, член на Стручниот штаб на Шкупи.
Натпреварот Победа – Шкупи е в недела во 13 часот на Градскиот стадион “Гоце Делчев”.