Никогаш не е лесно Победа да се совлада на нејзиниот терен, а камоли со високи 6:0, како што тоа денеска го направи Шкупи. И повозрасните фудбалски љубители тешко ќе се сетат на сличен резултат во поблиското минато. Некои спомнуваат натпревар за Куп од 1962 со резултат 2:8 против белградска Црвена звезда, па пријателска средба во 1983 година со Динамо од Загреб, завршена со 0:7. Во нешто подобро сеќавање е само финалето од Купот во далечната 2000 година, кога тогашната Слога со 6:0 среде Прилеп ја совлада Победа и така го освои пехарот. Слога одамна не постои, а сега од Чаир како наследник се смета Шкупи, кој токму денеска го повтори истиот резултат.
Високиот триумф ако не се наѕираше по опасниот шут на Хамза Рамани, веќе се насети уште во 14. минута кога Шкупи рано поведе со 2:0, по головите на Алжирецот Валид Хамиди и Кристијан Трапановски. Во 40. минута веќе беше 3:0 со голот на Јамајканецот Шоуајне Цепкас. Во второто полувреме Победа не искористи ниедна од своите можности, а Шкупи додаде уште три гола, преку вториот на Хамиди, Бразилецот Чуевен да Силва и Костариканецот Антонио Алварез.
И покрај сите околности, студеното време, ТВ-пренос од Светското првенство, се собраа илјада гледачи на стадионот во Прилеп. Многумина од нив се убедени дека Победа ги чуваше силите за следниот меч на истиот терен, со Скопје.
ПОБЕДА (4-3-3): Тофилоски (17. Котевски) – Бошески, Хани (68. Делов), Стомнароски, Коцев – Амо (55. Тодороски), Рамани, Дадет – Џејмс (55. Петејчук), Мазари (68. Галевски), Б. Спиркоски.
ШКУПИ (3-4-3): Наумовски – Брдаровски, Маргбелашвили, Бајрами (79. Ацковски) – Алварез, Хамиди, Цепхас (65. Адем), Да Силва – Трапановски (79. Шеји), Адетуњи (83. Несими), Мамадоу (65. Алберт).
ПОБЕДА – ШКУПИ СТАТИСТИКА
1 корнери 3
7/3 удари/в гол 11/9
8 прекршоци 6
2 жолти картони 2
2 офсајди 6
ПРВА ЛИГА РЕЗУЛТАТИ: Скопје – Академија Пандев 2:1, Силекс – Струга 1:2, Шкендија – Тиквеш 0:0, Работнички – Македонија ЃП 2:0.
СЛЕДНО 17. КОЛО (4 декември во 13 ч.): Победа – Скопје, Шкупи – Брегалница, Македонија ЃП – Шкендија, Тиквеш – Силекс, Струга – Академија Пандев.
ВИДЕО-ИЗВЕШТАЈ :