100 години фудбал во Прилеп

ФУДБАЛ НА КИНО ЗА ПРИЛЕПЧАНИ!

Во осумдесеттите години од 20 век, кога киното беше голема забава, на големиот екран се пренесуваа фудбалски натпревари. Во ноември и декември 1989 година, во киносалата од Домот на културата „Марко Цепенков“ беше овозможено следење на неколку меѓународни мечеви, од кои најголем интерес предизвика реваншот од четвртфиналето на купот УЕФА меѓу Келн и Црвена звезда.

Влезот не беше слободен, се наплаќаа билети, но сите места во салата за седење и стоење беа зафатени. Ниедно слободно место, а за Прилеп тоа никогаш не е чудно. Изгледаше како преполна трибина. Некои навивачи  дојдоа со црвено–бели знамиња и шалови. Само што се емитуваа првите кадри на огромното платно, присутните се соживеаја и громогласно го бодреа омилениот тим. Наликуваше како стадион. Имаше аплаузи за добар потег на гостинските играчи, меѓу кои беа двајца на Победа – седум години претходно Илија Најдоски и пет години потоа Драги Канатларовски. Иако претходно Звезда дома победи со 2:0, на реваншот во Келн не издржа. Се изгледаше добро до 57 минута кога Германците го дадоа првиот гол. Во финишот паднаа уште два гола во истата мрежа и револтот за елиминацијата на југословенската екипа беше искажан врз чехословачките судии. Поради судиите, многу предмети беа исфрлени и се одбија од платното.

Во истата сала еднаш се гледаше и кошарка.

Од категоријата

СЕКОЈ НОВ СТИЛ БАРА ВРЕМЕ

Зоран Иге

ЖОНГЛИРАЊЕ ВО ПРИЛЕП: ДА НЕ ПАДНЕ ТОПКАТА НА ТРЕВА 35 КРУГА!

Зоран Иге

ОКОЛУ 55 ИЛЈАДИ ЕВРА Е РЕКОРДОТ ОД ВЛЕЗНИЦИ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе