Извлечени се броевите за распоред на првенството од Втората фудбалска лига на Македонија. На 12 август во 1. рунда се среќаваат: Башкими – Охрид, Победа – Тетекс, Осогово – Беса, Беласица – Пелистер, Новаци – Аресими, Саса – Скопје, Детонит – Вардар Н. и Кожуф – Караорман. Во врска со мечот Победа – Тетекс, може да се каже дека тетовскиот тим на стадионот „Гоце Делчев“ ќе гостува по долги 8 години. Последен пат тоа се случи на 15 август 2015 година, во рамките на 1. коло од сезоната 2015/16 во Втората лига. Резултатот беше 1:1 по головите на Николче Шаркоски и Јован Попзлатанов. За Победа тогаш настапија: Трајковски, Талески, Колевски, Ф. Мирчески, Д. Котески, Мегленски, В. Петрески, Шаркоски, Карчески, Николовски (46. Здравески – 69. Дунимаглоски), Гешоски (62. И. Мирчески), а тренер беше Дарко Крстески. Како што може да се забележи, меѓу играчите тогаш беа: Благоја Гешоски (сегашен прв клупски човек), Филип Мирчески (сега шеф на Стручниот штаб) и Стојанче Дунимаглоски (сега помошник-тренер).
Што се однесува до распоредот во есенскиов дел, еве ги мечевите на Победа: 1. Победа – Тетекс, 2. Башкими – Победа, 3. Победа – Охрид, 4. Победа – Осогово, 5. Беласица – Победа, 6. Победа – Новаци, 7. Саса – Победа, 8. Победа – Детонит, 9. Кожуф – Победа, 10. Победа – Караорман, 11. Вардар Н. – Победа, 12. Победа – Скопје, 13. Аресими – Победа, 14. Победа – Пелистер, 15. Беса – Победа.
Утре (сабота) во 17 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ е пријателскиот натпревар Победа – Пелистер.