Голем интерес беше за денешниот меч од 2. коло на Втората фудбалска лига на Македонија, Башкими – Победа 2:1. Директни преноси имаше на Јутјуб-каналот од ФФМ и на Фејсбук-страницата од телевизијата МНЕТ-Спорт, така што на овој начин гледаа околу 700 фудбалски љубители. А на стадионот на Башкими пред околу 1500 гледачи домашните стигнаа до втора есенска победа. Првиот гол тие го дадоа во 10. минута преку удар со глава на Бесим Мустафи. Вториот гол за 2:0 падна во 60. минута по соло пробив одлево на брзиот капитен Егзон Азири, откако прими топка додадена од средината. Меѓутоа, од Победа прегледаа снимка, каде се гледа дека стрелецот е во офсајд. Многу битен момент, ако се земе предвид она што подоцна се случи. Имено, прилепскиот тим особено се разигра по 78. минута, кога нововлезениот Беким Алимоски со силен удар во десниот долен агол намали на 2:1. До крајот Победа беше агресивна, имаше и шанса за израмнување, но голманот одбрани и трите бода се за Башкими.
БАШКИМИ: Стојковски, Алили, Мурати, Јусуф, Мустафи, Аљиљи, Љутфиу, Османи (73. Незири), Азири, Кадриу (69. Саити), Мемеди (88. Џелили). Тренер: Јусуф Еркан.
ПОБЕДА: Николоски, Талески (88. Богевски), Стомнароски, Кочоски, Горгиовски (46. Алимоски), Ф. Димоски, Ј. Наумоски, Кукески, А. Петејчук, С. Спиркоски (64. Ивчески), Грозданоски. Тренер: Филип Мирчески.
РЕЗУЛТАТИ: Башкими – Победа 2:1, Охрид-Караорман одложен за 30 август, Вардар (Н)-Кожуф 1:2, Скопје-Детонит утре, Арсими-Саса 4:0, Пелистер-Новаци 4:0, Беса-Беласица 2:0, Тетекс-Осогово 2:1.
ТАБЕЛА: Пелистер, Беса, Кожуф и Башкими по 6, Победа, Новаци, Детонит, Арсими и Тетекс 3, Саса и Скопје 1, Вардар (Н), Охрид, Беласица, Караорман и Осогово 0.
СЛЕДНО 3. КОЛО (26 август во 16 ч.): Победа – Охрид, Осогово – Башкими, Беласица – Тетекс, Новаци – Беса, Саса – Пелистер, Детонит – Арсими, Кожуф – Скопје, Караорман – Вардар (Н).