Екипата на Прилеп со 27:24 загуби од домашниот Тиквеш во Кавадарци, на пријателскиот ракометен меч меѓу двата суперлигаша. Ова беше трета летна проверка за прилепскиот тим, по гостувањето кај Дубочица во Лесковац и дуелот дома со биролскиот Еурофарм Пелистер 2.
Од денеска сите погледи се кон Меѓународниот меморијален турнир „Миле Нешковски“ кој ќе трае од 25 до 28 август во Прилеп.