Летово Победа има нов тим, со малку досегашни, со неколку засилувања, со играчи од младинската екипа и повратници, така што очекувано се појавуваат нови стрелци. Така, на стрелците од првиот првенствен второлигашки меч со Тетекс – Филип Димоски, Дарко Грозданоски, Јорданчо Наумоски, Анатолиј Петејчук и Филип Спиркоски, вчера им се приклучи Беким Алимоски на дуелот со Башкими. Тој во 78. минута даде убав гол, со силен шут во долниот агол.
Алимоски иако првпат даде гол за сениорскипт тим на Победа, не е непознат. Тој е дете на Победа, со оглед на тоа што претходно беше член на младинската екипа од клубот. Има настапувано за Прилеп, Братство и Питу Гули, откаде летово се врати во Победа. Очекувањата за него во иднина се големи, имајќи предвид дека има само 20 години. Впрочем, младоста преовладува во сегашнава Победа.
Победа в сабота дома игра со Охрид.