Моделарство

ДЕТЕ ПРИЛЕПЧАНЧЕ ГИ ПОБЕДИ СИТЕ ВОЗРАСНИ НА СВЕТСКИОТ КУП!

Спортскиот аеродром кај Мало Коњари, Прилепско беше место за два светски купа во воздухопловно моделарство, организирани од клубот Фил феникс и директорот Здравко Тодороски. Во центарот на вниманието – Михаил Пожарски, кој со ненаполнети 8 години блесна на Светскиот куп „Македонија“ во Ф-1-А (едрилици) со прво место меѓу 24 сениори и јуниори. Нешто неверојатно. Којзнае дали некогаш некаде нешто слично се има случено. Тој е прв и во Ф-1-Х (едрилци за млади). Претходно, на Светскиот куп „Трофеј на Прилеп“ беше втор во истата Ф-1-Х.

Од прилепчаните медали имаат уште: Лука Најдоски (двапати втор кај јуниорите во Ф-1-А), Анастасија Пожарска (трета кај јуниорите во Ф-1-А), Дино Најдоски (прв кај јуниорите во Ф-1-Х). Успех имаа и други претставници на Македонија: Петар Цветановски (Охрид) двапати втор во F-1-B  за јуниори, Митко Цветановски (Охрид) двапати трет во Ф-1-Ц кај сениорите, Небојша Стошиќ (Кавадарци) трет во F-1-A кај сениорите, Климент Масин (Охрид) втор во Ф-1-Б кај сениорите и Леона Чејкова (Кавадарци) трета во Ф-1-Х кај јуниорите.

Учествуваа моделари од 8 држави: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Турција, Франција и Германија.

Од категоријата

ПРИЛЕП: САМО НА МОГИЛА ИМА СПОРТ ЗА ГЛЕДАЊЕ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЧЕТО ЛУКА ПОДОБРО ОД 37-МИНА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО!

Зоран Иге

(видео) ПРИЛЕП: НАЈАВЕН СПОРТСКИ НАСТАН ВО САЛАТА „МАКЕДОНИЈА“!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе