На 79 години почина Кирил Мирчески, некогашен фудбалер на Победа. За матичниот клуб има настапи во некогашната Втора југословенска лига меѓу 1962 и 1973 година. Има играно и за битолски Пелистер. Неговата позиција е во халф-линијата. Меѓу најдобрите натпревари му е квалификацискиот во Дубровник, каде Победа со 3:0 го совлада домашниот ГОШК Југ. На овој меч, одигран на 8 јули 1973, Победа настапи со: Истатов, Мечев, Цветкоски, Дрвошанов, Попев, Мирчески, Манески, Магдески, Глигороски (Синадиноски), Ѕвездоски, Митрев.
Кирил Мирчески беше и тренер на повеќе клубови, како 11 Октомври и на младинскиот тим на Победа.