Тимот на Победа со 6:4 го совлада Кораби, во 5. коло од Втората футсал-лига на Македонија. Во убава атмосфера, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, домашните беа постојано во водство, а на гостите им успеа само да го ублажат поразот. Стрелци: Борче Сркески, Виктор Тошески 3, Борче Макешоски 2 (Победа), Ханис Абески, Октај Беќири, Бујар Поцеста, Дарко Блажевски (Кораби). Со овој пораз, прв есенва, Кораби е симнат од првото на третото место на табелата, со 10 бода, колку што има и Победа.
ПОБЕДА: Илиоски, Тошески 3, Спиркоски, Трајкоски, Сркески 1, Макешоски 2, Недевски, Ристески, Китаноски, Ачкоски, Наумоски, Ѓорчески, Ујгуноски. Тренер: Никола Трајкоски.
КОРАБИ: Ѓоку, Точи, Поцеста 1, Иса, Д. Блажевски 1, Крлиу, Беќири 1, Абески 1, Кркути, Ваитовски, Каја, Карпузи. Тренер: Миќо Блажевски.
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО: Победа – Кораби 6:4, Мал Ајакс – Енхалон, Партизан Брвеница – Конзули 3:3, Проект – Скопје 7:1, Университи – Балкан 9:6, Каршијака – Кратово 5:5, Шкендија – Јувентус 3:7.
ТАБЕЛА: Проект и Јувентус 12, Кораби и Победа 10, Партизан Брвеница 8, Университи и Кратово 7, Енхалон и Мал Ајакс 6, Конзули 4, Шкендија и Скопје 4, Каршијака 1, Балкан 0.
СЛЕДНО 6. КОЛО: Конзули – Победа, Енхалон – Јувентус, Кратово – Шкендија, Балкан – Каршијака, Скопје – Университи, Кораби – Проект, Мал Ајакс – Партизан Брвеница.