Шах

ГРЦИ, СРБИ И БУГАРИ ВО ПРИЛЕП!

Привршува пријавувањето за Меѓународниот брзопотезен турнир „МАТ 2024“ закажан за 18 февруари во СОУ „Орде Чопела“ во Прилеп. На два дена до истекот на рокот за пријави, на списокот се над 200 шахисти. Покрај од Македонија, има гости од Бугарија, Грција и Србија. Засега, со највисок рејтинг од Македонците е ИМ Филип Панчевски (2423 поени), од српските претставници е ИМ Милош Станковиќ (2423), од бугарските Љубомир Данов (2378), а од грчките Григориос Вардакас (2019). Меѓу пријавените има и прилепски шахисти, како ВМ Звонко Станојоски (2333), ФМ Роберт Велески (2126), Дејан Ѓорѓиески (2073), Горан Готовуша (2009)…

Турнирот, рејтингуван по ФИДЕ, е посветен на починатите прилепски шаховски легенди: Митре Џајковски, Александар Тодороски, Тане Дулев, Миле Богески и Ордан Ѓорѓимајкоски.

Организаторот, Шаховскиот клуб Прилеп, обезбеди награден фонд од 90 илјади денари.

Од категоријата

НИКОЛОСКИ ПОБЕДНИК МЕЃУ 58 УЧЕСНИЦИ!

Зоран Иге

ЧУДО: ИГРАШЕ СО КАРПОВ, ОСВОИ ТИТУЛА ПРЕД 48 ГОДИНИ, А ДУРИ СЕГА МУ ЈА ПРИЗНАА!

Зоран Иге

ПРИЛЕП СО ДВА ПРВОЛИГАША

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе