На 3 јуни 1997 година, во рамките на подготовките за дебито на европската сцена (Купот УЕФА), екипата Победа одигра пријателски меѓународен натпревар со некогашниот европски и светски шампион, Црвена звезда од Белград. На стадионот популарно наречен „Маракана“, Победа победи со 1:0, со голот на Сашо Крстев во 10. минута.
ПОБЕДА: Зоран Стојановиќ (Панче Чачков), Благој Нацев, Горан Најдески, Горан Лазаревски (Драган Костадиновски), Дарко Крстески, Благоја Милевски, Горан Тодоровски (Драган Бочески), Миле Крстев (Рубин Трајкоски), Сашо Крстев (Јесус да Силва Жилсон), Благојче Ѓорѓиоски (Владимир Мицески), Рожерио Оливеира. Тренер: Драган Канатларовски.
Ова за Победа и Црвена звезда беше еден од петте мечеви, втор на кој победи прилепскиот тим. Првата победа е на 17 февруари 1961 година во Прилеп, со резултат 3:1.