Фудбал

(фото, резултати, стрелци) ГОСТИТЕ СЕ ИЗНАДАВАА ГОЛОВИ!

Во денешната 15. рунда од Третата фудбалска лига – Југ само еден домашен тим успеа да победи – Бучин. Оваа екипа со 3:1 ја совлада Марена. На дербито во Големо Коњари, Големо Коњари – Превалец 2:2. Домашните поведоа со голот на Ерџан Ибраимоски во 31. минута, а потоа пресврт настана со головите на Ангел Гаштев во 41. и на Иванче Давитков во 49. Домашните израмнија со вториот гол на Ерџан Ибраимоски, во 58. минута. Овој резултат не го загрозува лидерот Борец, тим кој денеска беше слободен.

РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО: Бучин – Марена 3:1 (Горан Колчакоски 2, Давид Солески – Мартин Јовановски), Локомотива – Слога 1:6 (Ерсан Шабанов – Самир Каришиќ 2, Шабан Османоски, Онур Имероски, Адмир Угљанин, Емир Каришиќ), Ултрас – Росоман 0:6 (Слободан Дуков, Кристијан Јованов, Марко Миловановиќ, Бојан Миланов 3), Младост – Питу Гули 0:4 (Соте Андреески 2, Оливер Велевски 2), Големо Коњари – Превалец 2:2 (Ерџан Ибраимоски 2 – Ангел Гаштев, Иванче Давитков).

ТАБЕЛА: Борец 30, Росоман, Големо Коњари и Превалец 27, Питу Гули 21, Слога 19, Младост 18, Ултрас 14, Марена 11, Локомотива 10, Бучин 7.

СЛЕДНО 16. КОЛО (7 април во 15 часот): Марена – Големо Коњари, Превалец – Младост, Питу Гули – Борец, Росоман – Локомотива, Слога – Бучин.

Од категоријата

(фото, состави) ПОБЕДА СО ТРОЈЦА НОВИ МЛАДИ ПРОТИВ МОЌНИОТ ТИКВЕШ!

Зоран Иге

ФУДБАЛ ИМА ДЕНЕСКА И УТРЕ

Зоран Иге

ГЛАДОТ ЗА ФУДБАЛ ПОПЛАДНЕВО ТЕРА КОН ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе