Завршница е од Втората фудбалска лига и борбата за опстанок, Денеска (16 ч.) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е мечот од 26. рунда, Победа – Вардар, Се очекува многу публика којашто ќе го поддржи домашниот тим во освојувањето на нови три бода. Од клубот Победа порачуваат:
„ЗАЕДНО ЗА СТЕФАН! СРЕДСТВАТА ОД ПРОДАДЕНИ БИЛЕТИ HA САБОТНИОТ НАТПРЕВАР ПРОТИВ ВАРДАР НЕГОТИНО ЌЕ ГИ ДОНИРАМЕ ЗА СТЕФАН!“
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА: Победа – Вардар Н., Охрид – Саса, Новаци – Детонит, Беласица – Кожуф, Осогово – Караорман, Башкими – Скопје, Тетекс – Арсими, Беса – Пелистер.
Табела: Беса 66, Пелистер 60, Детонит 52, Арсими 41,Охрид и Скопје 38, Башкими, Кожуф и Вардар Н. 34, Беласица 31, Новаци 28, Победа 26, Тетекс 24, Осогово 20, Саса 18, Караорман 15.