На игралиштето со вештачка трева во Прилеп сосема солидно издание на младиот тим Цевитана, во мечот со фаворитот Ас јунајтед од Струга, во 23. коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Прилепскиот тим даде отпор, а тоа се гледа во конечниот резултат, 1:3. Според очекувањата, стрелец на сите три гола за гостинскиот тим е голгетерката Улза Максути, додека единстениот гол за Цевитана е дело на Катерина Милеска.
РЕЗУЛТАТИ: Цевитана – Ас јунајтед 1:3, Саса – Топ гол 3:0, Шкендија – Тиверија 2:1, Скопје – Речица 2:0, Истатов – Љуботен 0:3.
ТАБЕЛА: Љуботен 60, Саса 59, Ас јунајтед 45, Тиверија 42, Скопје 38, Шкендија 22, Истатов 21, Топ гол 18, Цевитана и Речица 13.
СЛЕДНО 24. КОЛО: Љуботен – Цевитана, Топ гол – Ас јунајтед, Речица – Истатов, Тиверија – Скопје, Саса – Шкендија.
.
.