100 години фудбал во Прилеп

ТРИЕСЕТ МИНУТИ ВО ТРЕТА ЛИГА, ШЕЕСЕТ ВО ВТОРА!

Многупати за судбината на Победа одлучувало последното првенствено коло. Така, во сеќавање е последното коло од сезоната 1980/81, во Републичката лига на Македонија, трета по ранг во некогашната СФР Југославија. Многумина од повозрасните генерации фудбалски љубители се сеќаваат дека токму во последното 30. коло, одиграно на 21 јуни 1981, се одлучи првакот, тимот за повисок ранг, Втората југословенска лига – Исток. За првото место се бореа прилепска Победа и штипска Брегалница. Победа имаше 43 бода и гол-разлика од плус 43 гола, а Брегалница 42 бода и гол-разлика од плус 24 гола.

Тогаш тимот што победил добиваше два бода, а за конечен пласман, при ист број бодови, не одлучуваше меѓусебниот биланс, туку гол-разликата. Затоа, без оглед на исходот во Штип меѓу Брегалница и тетовски Љуботен, на Победа, за да биде првак, и беше потребен само бод со Беласица во Струмица. Со оглед на тоа што во Штип беше извесно дека Брегалница убедливо ќе победи (конечниот резултат е 9:0), се очекуваше само што ќе донесе натпреварот Беласица – Победа. На стадионот во Струмица собрани 5000 гледачи. Домашните, под водство на тренерот Благој Истатов,  даваат гол во 20. минута за водство на Беласица од 1:0, преку Стојков. Во тој момент Брегалница е во погорен ранг, Победа останува во истиот. Така е до 31. минута. Тогаш почнува пресвртот. Победа израмнува со голот на Цветко Крстески, па со тој резултат, 1:1 се оди на одмор. Во второто полувреме уште два гола за прилепскиот тим, преку Ристо Глигороски во 62. и Златко Милосовски во 66. минута за 1:3, така што конечниот резултат е по вториот гол за домашните на Стојков во 73. минута, за конечни Беласица – Победа 2:3. Победа влезе во Втората југословенска лига – Исток.

ПОБЕДА: Тоде Тодороски, Гоце Манески, Златко Конески (Љупчо Адамчески), Орде Котески, Илија Најдоски, Лазе Петрески, Цветко Крстески, Јове Магдески, Ристо Глигороски (Благоја Кулески), Венцислав Сусуелски, Златко Милосовски. Тренер беше Момчило Мома Илиќ, помошник Методија Крстески – Каше, претседател Благоја Миноски – Мината.

Од категоријата

ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН ЗАКЛУЧЕН, А ПУБЛИКАТА ПАК ТУКА!

Зоран Иге

ПЕШКИ 30 КИЛОМЕТРИ ЗА ТОЈ ФУДБАЛ!

Зоран Иге

(видео) ТОНИ МИЦЕВСКИ: ПАМЕТАМ КОГА 2000 ГЛЕДАЧИ МЕ ПОЗДРАВИЈА НА ТРЕНИНГ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе