Фудбал

ЗАСТОЈ ВО ТРЕТАТА МИНУТА!

По утрото денот се познава, ама не баш секаде или секогаш. На мечот Љуботен – Цевитана во Тетово, од 24. рунда на Првата женска фудбалска лига на Македонија, голови паднаа во 1. и 3. минута, така што се чинеше дека мрежите ќе се тресат како никогаш досега. Домашниот тим, лидер на табелата, дојде до водство од 2:0, со головите на Ива Јованоска и Елена Симјанова. Кога два гола паднаа во три минути, колку ли ќе има до крајот на мечот? Но, гостинската екипа, претпоследна на табелата, не дозволи повеќе ниту гол, така што голманката Иман Шљиво во остатантите 87 минути ја одбрани мрежата.

РЕЗУЛТАТИ: Љуботен – Цевитана 2:0, Топ гол – Ас јунајтед, Речица – Истатов, Тиверија – Скопје, Саса – Шкендија 4:2.

ТАБЕЛА: Љуботен 63, Саса 62, Ас јунајтед 45, Тиверија 42, Скопје 38, Шкендија 22, Истатов 21, Топ гол 18, Цевитана и Речица 13.

СЛЕДНО 25. КОЛО: Цевитана – Речица, Шкендија – Топ гол, Скопје – Саса, Истатов – Тиверија, Ас јунајтед – Љуботен.

Од категоријата

ВЕЧЕРВА Ф И Н А Л Е !

Зоран Иге

ШКЕНДИЈА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

НАСКОРО КНИГАТА ЗА ЏАРО ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе