Фудбал

ДЕНЕСКА ГОЛЕМА БИТКА ЗА СПАС ВО ПРИЛЕП!

Денеска (16 часот) на игралиштето со вештачка трева во Прилеп е голема битка за опстанок. Се среќаваат Цевитана (Прилеп) – Речица (Куманово), во 25. коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Иако има уште три кола до крајот, овој меч е најважен. Прилепскиот тим мора да победи за да го избегне последното место, кое води во понизок, второлигашки ранг. Целта е барем претпоследното место на табелата за бараж-меч, а секако во најдобар случај можен е и директен опстанок. Ова е трет дуел на овие два тима. На претходните два – дома Цевитана победи со 6:1, Речица дома победи со 3:1, така што при ист број бодови во предност е Цевитана. На табелата Речица има три бода повеќе од Цевитана.

ДВОЈКИ 25. КОЛО: Цевитана – Речица, Шкендија – Топ гол, Скопје – Саса, Истатов – Тиверија, Ас јунајтед – Љуботен.

ТАБЕЛА: Љуботен 63, Саса 62, Ас јунајтед 48, Тиверија 42, Скопје 41, Шкендија 22, Истатов 21, Топ гол 18, Речица 16, Цевитана 13.

 

Од категоријата

ПРВИОТ БОД ГО ОСВОИЈА ДУРИ СЕГА, КОГА НИКОЈ НЕ ОЧЕКУВАШЕ!

Зоран Иге

ГОЛМАНСКИ ПОДВИГ ВО ПРИЛЕП: ИСТРЧА ДО ЦЕНТАР И СПРЕЧИ ЧИСТ ГОЛ

Зоран Иге

(ВИДЕО-ИЗВЕШТАЈ+СТАТИСТИКА+ФОТО) ПОБЕДА ОЧЕКУВАШЕ ДВА ОФСАЈДА, НЕ ДОБИ НИЕДЕН И ЗАГУБИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе