Шах

ПРИЛЕПЧАНЧЕТО ПАВЛЕСКИ РАМНО СО МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН!

Во Струмица се одржаа првенствата на Македонија за млади шахисти. Во категоријата до 16 години одличен настап имаше членот на клубот Прилеп Никола Павлески. Доживеа само еден пораз (од Илија Велков од 7 Ноември Гевгелија), трипати ремизира (со Александар Стојчески од Капабланка Скопје, Христијан Попов од Цареви Кули Струмица, Ефе Ибраимов од 7 Ноември Гевгелија), а четирипати победи (против Горазд Војнески од Гамбит Скопје, Михаил Николовски од Ласкер Охрид, Влатко Крстев од Цареви Кули Струмица, Михаел Барнс од Капабланка Скопје). На конечната табела меѓу 19 учесници е на третото место со 5,5 поени, колку што имаат погорепласираните Ефе Ибраимов и Михаел Барнс, како и четвртиот Кирил Николовски од Мултиесенс Скопје.

Настапи уште едно прилепчанче. Во групата до 8 години четвртото место меѓу 11  шахисти го освои Андреј Печијарески.

Од категоријата

СВЕТСКИ ТАЛЕНТ САКА ДА ДОЈДЕ ВО ПРИЛЕП, НО ПРОБЛЕМ СЕ ПАРИТЕ

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ Е СЕДМИ ВО ЕВРОПА!

Зоран Иге

ЧУДО: ЕДЕН ДЕН, ДВА ТУРНИРА ВО ДВА ГРАДА – ИСТИ УЧЕСНИЦИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе